Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Истекува рокот за пријавување на штети од саботното невреме во Охрид

Истекува рокот за пријавување на штети од саботното невреме во Охрид

1 min read

Охрид, 30. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Денес истекува рокот за поднесување барање за надомест на штети до Општина Охрид по силното невреме што на 24-ти овој месец го зафати Охрид.

Во првите два дена од неделава до општината беа пристигнати над 400 барања за надомест на штети, од кои најголем дел беа поднесени од земјоделци. Што се однесува до структурата на барањата и висината на штетите, тоа ќе се утврдува од следната недела.

Барањата се подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето задолжително се приложува имотен лист и лична карта. Потоа комисија ќе излезе на терен да изврши проценка. Настанати штети се пријавуваат само за недвижен имот и за земјоделски култури.

Силното невреме што во саботата го зафати Охрид предизвика големи штети кај земјоделските насади, поплавени подрумски простории, гаражи, а речиси секој втор автомобил имаше помала или поголема материјална штета. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Од утре забрана за градежни работи во Охрид
Next Бесими: ДДВ-то за струјата ќе биде 18 отсто, а тие што трошат помалку, ќе добиваат пониски цени на струја

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.