Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • ИЈЗ: Нови 15 случаи на Covid-19, највисока инциденца регистрирана во Охрид

ИЈЗ: Нови 15 случаи на Covid-19, највисока инциденца регистрирана во Охрид

1 min read
ИЈЗ: Нови 15 случаи на Covid-19, највисока инциденца регистрирана во Охрид

Скопје/Охрид, 24. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Во периодот од 14-ти до 20-ти октомври 2024 година, регистрирани сe 15 нови позитивни случаи на Covid-19, со зглемување од 25% во однос на претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 3 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, a највисока инциденца е регистрирана во Охрид. Регистрирани се заболени лица во возрасните групи над 20 години, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 13 лица. Пријавено е едно починато лице асоцирано со Covid-19 од Куманово, на возраст над 60 години, невакцинирано против Covid-19. Кај лицето
се регистрирани коморбидитети, а е починато во домашни услови, стои во извештајот.

Годинава, заклучно со 20-ти октомври се регистрирани вкупно 1.716 заболени со овој вирус. По период на многу слаба активност, во летото 2024 година се детектираше зголемена активност на SARS-CoV-2 во рамките на европскиот континент, вклучително и во Македонија. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест.

Иако бројот на заболени од Covid – 19 на неделно ниво се намалува, со оглед на тоа дека почнува периодот на зголемена циркулација на респираторни вируси во северната хемисфера, постои ризик активноста на SARS-CoV-2 да се зголемува, што ја нагласува континуираната потреба од надзор (епидемиолошки и вирусолошки) на национално и регионално ниво. (Крај)

извор:ИЈЗ фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Норвешка ќе им забрани на помладите од 15 години да користат социјални мрежи
Next Водостојот на Охридското Езеро неколку дена е на природната кота 693,17 м.н.в

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.