Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Кампања на РСБСП: Алкохолот е лош сопатник – не пиј кога возиш!

Кампања на РСБСП: Алкохолот е лош сопатник – не пиј кога возиш!

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 23. јули 2024 (ИНПРЕС) – Во рамките на летната кампања „За безбедно лето“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, реализира кампања под мотото „Алкохолот е лош сопатник – не пиј кога возиш!“

Кампањата се реализира со цел укажување на штетното дејство на алкохолот врз способноста за управување со моторно возило и подигнување на свеста кај возачите за одговорно учество во сообраќајот.

Алкохолот е една од водечките причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици, кои може да ги засегнат не само возачите, туку и сопатниците и пешаците.

– Возењето под дејство на алкохол, дури и при ниски нивоа на алкохол во крвта, предизвикува проблеми со концентрацијата на возачите, ја намалува координацијата на мускулите и ја нарушува способноста за расудување и идентификација на ризиците во околината на патот. Токму затоа со оваа кампања, преку едукативно-превентивен материјал и разговори со возачите, се укажува на значењето на одговорното возење, почитувањето на сообраќајните правила и прописи, внимателноста и грижата за сите учесници во сообраќајот. Се препорачува возачите да користат такси превоз доколку одлучат да користат алкохол, или, пак, нивното возило да го управува сопатник/пријател кој не пиел, како и одземање на клучевите од возилото на вашиот пријател кој користел алкохол со цел спречување да вози пијан и осигурување на неговата безбедност, велат од РСБСП.

Оттаму апелираат: Не управувај со моторно возило доколку си под дејство на алкохол! Грижи се за својата и за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Вози одговорно и патувај безбедно. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“
Next УХМР: Следува променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.