Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Караванот на кампањата „Не е до нив, до тебе е“ утре во Охрид

Караванот на кампањата „Не е до нив, до тебе е“ утре во Охрид

Караванот на кампањата „Не е до нив, до тебе е“ утре во Охрид

Скопје/Охрид, 26. април 2024 (ИНПРЕС) – Караванот на кампањата „Не е до нив, до тебе е“ утре во Охрид.

Настанот ќе се одржи на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ со почеток во 18:30 часот, а за забавата ќе се погрижат диџеј Мац и актерот Бојан Кирковски

„Не вреди да гласаш“, „Нема ништо да се смени“, „Еден глас ништо не менува“, „Сѐ ќе биде исто“… И така до недоглед, може да се набројуваат изговори кои нѐ делат од иднината што ја посакуваме и која можеме сами да ја креираме, затоа не е до нив, до тебе е – гласај без изговори. „Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност.

– Доколку сакате да се забавувате, да се насмеете до солзи и на позитивен начин да донесете вистинска одлука, дека ВИЕ сте тие што ќе учествуваат во креирањето на вашата држава, не наоѓајте нови изговори и оваа сабота, бидете во првите редови од публиката на стенд ап настапот на Бојан Кирковски, порачуваат организаторите.

Голем дел од познатите личности од македонската јавна сцена, Александар Микиќ, Тања Кочовска, Емра Куртишова, Ненад Георгиевски, Филип Поповски, Стефан Лазаров, Александар Динев, Сара Мејс, Денис Абдула, Христијан Станковски – Бомбакис, Вера Јанковиќ, Сашо Шотаровски, Алмедина Исмаили, Бисера Чадловска, Христијан Бузалковски, Горан Микиќ и Виктор Камнар ги тргнаа сите изговори на страна и се приклучија кон кампањата, со цел секој од нив да ја искористи моќта на гласот. Познатите, заедно со граѓаните ќе се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво.

Затоа што секогаш ќе наидете на некој што ќе ви каже „Твоето едно гласче на овие избори нема да промени ама баш ништо“, подготвена е видео приказна со силна порака која ќе биде најсилен демант на сите такви коментари. Одговорот е јасен и едноставен „Ќе гласам затоа што дефинитивно не е до нив, до мене е“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Хуманитарен кошаркарски турнир во организација на Клубот на млади при Црвен Крст Охрид
Next Од понеделник почнува пролетниот распуст за учениците

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.