May 31, 2023

Охрид, 31. мај 2023 (ИНПРЕС) – Од 26-ти до 28-ми мај во Белград, Србија се одржа 36-то Европско првенство во традиционално карате (ЕТКФ) .

Македонија беше претставена преку Јапонска Карате Асоцијација-Македонија, а охридскиот карате клуб „Фудошин“ имаше двајца претставници.

– Марија Тодоровска се натпреваруваше во дисциплината КАТА, (сениори), а Ѓоко Томоски во дисциплините КАТА и КУМИТЕ (постари сениори). Томоски во дисциплината КАТА го освои третото место, информираат од клубот.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Охридските спортисти во летниот период ги очекуваат карате-до семинарите во Малме, Шведска , Охрид и Копаоник, Србија, што ќе бидат одлична подготовка за наредните првенства. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива