Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ковачевски: Тестенините поевтинуваат за 15, а млечните производи за 10 проценти

Ковачевски: Тестенините поевтинуваат за 15, а млечните производи за 10 проценти

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 10. март 2023 (ИНПРЕС) – По лебот, се намалуваат односно замрзнуваат и цените на тестенините и млечните производи, соопшти на прес конференција премиерот Димитар Ковачевски.

Макароните и шпагетите поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти.

– Се замрзнува односно намалува цената на тестенините, се предлага да биде за 15% пониска во однос на цената која се применувала во трговијата на мало на 1-ви март 2023 година односно во просек за 8 до 9 денари. Се работи за макарони и шпагети.Исто така се укинуваат царинските давачки за увоз на овие производи од 13-ти март до 31-ви мај. Се замрзнуваат и цените на млечните производи и тоа трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 %, урда, кравјо и мешано бело сирење , кравји кашкавал со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан, кисело млеко, павлака и јогурт без додатоци.
Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цени кои се применувале на 1-ви март во трговијата на мало и се намалуваат за 10%. Ќе се применува од 17-ти март до 31-ви мај, потенцира премиерот Ковачевски.

Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28-ми февруари годинава стапи на сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Ковачевски додаде дека Владата и понатаму ќе продолжи да носи одлуки кои го штитат интересот и стандардот на граѓаните. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ТАВ Македонија: Croatia Airlines ќе воведе сезонска авиолинија Скопје-Сплит од 12-ти мај годинава
Next Пецаков: По десет ништовни одобренија за градба на хотелот во Лагадин сега се одлучи мериторно со што одобрението за градење добива правосилност

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.