Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Скопје, 10. март 2023 (ИНПРЕС) – По лебот, се намалуваат односно замрзнуваат и цените на тестенините и млечните производи, соопшти на прес конференција премиерот Димитар Ковачевски.
Макароните и шпагетите поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти.
– Се замрзнува односно намалува цената на тестенините, се предлага да биде за 15% пониска во однос на цената која се применувала во трговијата на мало на 1-ви март 2023 година односно во просек за 8 до 9 денари. Се работи за макарони и шпагети.Исто така се укинуваат царинските давачки за увоз на овие производи од 13-ти март до 31-ви мај. Се замрзнуваат и цените на млечните производи и тоа трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 %, урда, кравјо и мешано бело сирење , кравји кашкавал со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан, кисело млеко, павлака и јогурт без додатоци.
Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цени кои се применувале на 1-ви март во трговијата на мало и се намалуваат за 10%. Ќе се применува од 17-ти март до 31-ви мај, потенцира премиерот Ковачевски.

Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28-ми февруари годинава стапи на сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.
Ковачевски додаде дека Владата и понатаму ќе продолжи да носи одлуки кои го штитат интересот и стандардот на граѓаните. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
