Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Косово прати вербална нота до Македонија

Косово прати вербална нота до Македонија

1 min read

Приштина/Скопје, 21. мај 2015 (ИНПРЕС) – Косовската влада преку својата амбасада во Скопје испратила вербална нота до Македонија во врска со третирањето на уапсените граѓани на Косово по судирите во Куманово.

Ова го објави порталот Lajminet, повикувајќи се на извор од косовското министерство за надворешни работи, каде пишува дека нотата е испратена по извештајот на македонскиот омбудсман, Иџет Мемети во кој биле дадени аргументи дека постојат докази дека македонските власти вршеле насилство над уапсените. Македонските власти, според истиот извор, до сега се правдале со тоа дека не е утврден идентитетот или државјанството на упасените, иако неколку дена по судирите ги објавија имињата на уапсените.

Целиот проблем во недостаток на соработка за ова прашање е во тоа што македонските власти наводно не успеале да го утрдат државјанството на уапсените, иако косовската полиција им доставила официјални потврди дека станува збор за државјани на Косово, вели извор од косовското МНР. Амбасадорот на Косово во Македонија, Илбер Хисан до сега посетил шест од 23 упасени, додека македонските власти за 17 рекле дека не им се знае идентитетот. (Крај)

извор: focus.bg фото: архива

Post navigation

Previous Телата на загинатите косовски Албанци во Куманово испратени во Приштина
Next Дачиќ – Македонија е проблем за ОБСЕ и за целиот регион

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.