Атина, 06. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Специјалниот советник на ОН за кипарското прашање, Еспен Барт Еиде, изјави дека грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас има “конструктивни” идеи за решавање на проблемите кои го попречуваат успешниот тек на преговорите за обединување на островот Кипар, пишува весникот Kathimerini.
Еиде и Коѕиас се состанаа во Атина, но по средбата немаше изјава за текот на преговорите за кипарското прашање. Грчкиот министер за надворешни работи веќе даде до знаење дека Атина смета на моделот, кој го дефинираа Грција, Турција и Велика Британија како гаранти. Според Еиде едно од можните решенија на ова прашање е продолжување на присуството на ОН. (Крај)
извор: Kathimerini фото: архива







