August 9, 2023

Охрид, 9. август 2023 (ИНПРЕС) – Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во спортската сала при ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Акцијата започна вчера, кога граѓаните имаа можност да даруваат крв во периодот од 19:00 до 24:00 часот, а трае и денеска, од 09:00 до 13:00 часот.

– Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција, потенцираат од Црвен крст Охрид.

извор: ИнПрес фото: архива