May 27, 2024

Охрид, 27. мај 2024 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за оваа година.

Па така,  под мотото „Секоја капка е важна“ утре ќе се одржи крводарителска акција во просториите на НУЦК „Григор Прличев”.

– Ги покануваме сите граѓани да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, велат од Црвениот крст.

Крводарителската акција ќе се одржи во периодот од 10:00 до 14:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива