Струга, 29. јануари 2025 (ИНПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 58 годишно лице од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– На катастарска парцела во селото, без одобрение и спротивно на одредбите од законот за градење, тој изградил индивидуална куќа за живеење, што било констатирано и од градежната инспекција при општина Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива