Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Богата програма на годинашните Прличеви беседи

Богата програма на годинашните Прличеви беседи

1 min read
Богата програма на годинашните Прличеви беседи

Охрид, 30. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Бројни содржини се предвидени на годинашната традиционална манифестација Прличеви беседи, со што ќе се одбележи годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев.

Програмата започнува во среда, 5-ти февруари, од 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во изложбениот салон, додека од 12:00 часот на малата сцена започнува свеченоста посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“. Предвиден е настап на градскиот хор „Вокс Лихнидос“, обраќања на претставник на Центарот за култура и Општина Охрид претставување на наградената поема „Никогаш пред ил’ потем“, артистичка изведба на поемата, врачување на Повелбата за најдобра поема за 2024 и свечено обраќање на лауреатот Андреј Ал-Асади.

Следниот ден, на 6-ти февруари во 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ „Григор Прличев“, во 11.00 часот предвидени се панихида и полагање свежо цвеќе на гробот на Прличев во близина на црквата Св. Богородица – Перивлепта.

Од 11:30 часот во Спомен куќата на ловороносецот ќе се одржи настанот „Стихови и звуци за Прличев“ во рамки на кои ќе биде изведена песната „1762 лето“ – Влатко и Силви Плевнеш. Свое обраќање ќе има претставник на Општина Охрид, ќе бидат врачени два примероци од книгата „Малиот принц“ од Антоан де Сент – Егзипери, отпечатена во Брајово писмо, на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Здружението за слепи лица од Охрид, како и врачување на наградите на провонаградените литературни творби на литературниот конкурс на ООУ „Григор Прличев“. По ова предвидено е читање на наградените литературни творби и промоција на книгата „Охридските писатели во книжевната критика“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во 12:30 часот предвидено е полагање ловоров венец и свежо цвеќе пред спомен – бистата на Прличев пред градската библиотека „Григор Прличев“, по што ќе се обрати Живко Грозданоски, претседател на Друштвото на писатели на Македонија.

Од 13:00 часот во Прличевата одаја на Библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи „Прличева визита“. Ќе биде прикажано видео интервју „За Прличев“ со проф.д-р Георги Сталев –Поповски, ќе следи „Ние и Прличев“, беседа на проф.д-р Александра Ѓуркова. Ќе биде прогласен добитникот на наградата за најдобра беседа во чест на Прличев за 2025 од распишаниот конкурс на тема „Чувај се себеси“, обраќање на добитникот на наградата Ева Ивановска и културно – уметнича програма.

Програмата ќе биде заокружена со свечена приредба по повод патрониот празник на ООУ „Григор Прличев“ од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Кривична пријава за 58 годишно лице од Велешта поради бесправно градење
Next Билтен на СВР Охрид: Физички напад, агресивно однесување кон полициски службеници, бесправно градење

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.