Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

1 min read
Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Охрид, 11. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Минатата година во Охрид се родиле 383 бебиња, покажуваат конечните податоци на Државниот завод за статистика.

Оваа бројка е за 16 помалку во однос на 2024 и за 44 помалку во однос на 2023 година.

Од новороденчињата 207 биле машки, а 176 женски. Според брачната состојба, 365 се добиени во брак, а 18 се вонбрачни.

Инаку Охрид и 2025 година, како и претходните неколку години ја заврши со негативен природен прираст. По квартали, во првиот беше беше најголем, -96, а најмал во четвртото тромесечје кога беше -46.

Лани во Струга се евидентирани 474 (235 машки и 239 женски), а во Дебрца 15 (8 машки и 7 женски) бебиња.

На државно ниво во 2025 година се родени вкупно 15.932 деца, од кои живородени се 15.850, а мртвородени 82. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество.

Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1995 година.

Во 2025 година се регистрирани 15  живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години. Вонбрачни живородени деца се 1.868 или 11.8 % од вкупниот број на живородените деца. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Слични вести

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција
1 min read

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Успешно заврши оперативниот зафат на охриѓанецот Миле Бежоски Успешно заврши оперативниот зафат на охриѓанецот Миле Бежоски
1 min read

Успешно заврши оперативниот зафат на охриѓанецот Миле Бежоски

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.