Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Македонците во Србија преку две партии ќе настапат на локално ниво

Македонците во Србија преку две партии ќе настапат на локално ниво

1 min read

Белград, 21. април 2016 (ИНПРЕС) – Македонците во Србија преставени преку две партии во недела на изборите ќе настапат само на локално ниво.

Најголеми очекувања има Партијата на македонците во Србија, која со самостојна листа ќе се обиде да ја освои власта во општина Пландиште. Доколку успее, тоа ќе биде прва македонска општина во Србија со власт на мнозинско македонско население.

И втората партија- ДПМ ќе настапи само на локално ниво, со шанса за избор на двајца одборници во Панчево, во коалиција со СПС. Но, за разлика од партиите, единствена можност за влез во српското собрание и застапување на македонските интереси на државно ниво има само адвокатот Тома Фил, кој политички се активира во рамките на Социјалистичката партија на Дачиќ.

Иако според пописот во Србија има 22.750 македонци- нивниот број е над 100.000. Колку од нив ќе го искористат гласачко право и за сопствените македонски интереси ќе покажат изборите во недела. (Крај)

извор: МРТВ фото: архива

Post navigation

Previous Амнести интернешнал: Бавен процес на релокација на бегалците
Next Бугарија воведе обврска за гласање на изборите

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.