Софија, 22. април 2016 (ИНПРЕС) – Бугарија денеска за своите граѓани воведе обврска да гласаат на изборите, пренесува Танјуг.
Според новите мерки кои се одобрени во Парламентот оние кои нема да гласаат ќе бидат избришани од избирачките списоци, а доколку се предомислат ќе мораат повторно да се впишуваат во избирачкиот список за да гласаат на следните избори.
Пратениците не го прифатија предлогот со кој се предвидуваше оние кои нема да гласаат да бидат парично казнети или да им биде скусена социјалната помош.
Аналитичарот од Галуп, Андреј Рајчев смета дека немањето казни за неизлегување на избирачките места претставува „глупав компромис“.
Усвоените промени во Бугарија ќе стапат во сила за претседателските избори во октомври. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива
