Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Малиот генијалец Македон издаде книга посветена на универзумот и неговото создавање

Малиот генијалец Македон издаде книга посветена на универзумот и неговото создавање

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 28. март 2024 (ИНПРЕС) – Освојува медали по математика, игра шах, а нашол време и да напише цел научен труд од областа на астрономијата. За малиот генијалец Македон, ништо не е тешко. Тој се пофали дека ја напишал својата прва научна книга во која детално го опишува универзумот и неговото создавање.

Малиот генијалец од Тетово, Македон Димитровски, се пофали со својата прва научна книга објавена на англиски јазик, која е насловена: „Вселената: Од атоми до универзумот“ (Space: From Atoms to the Universe).

Во книгата Македон зборува за вселената и за планетите, ѕвездите и галаксиите.

– Оваа книга е напишана на англиски јазик и ја направив за да можат другите да научат за вселената и за да можат повеќе да се заинтересираат на оваа тема, за во иднина да имаме повеќе научници, што ќе сакаат да истражуваат и да учат, вели малиот генијалец.

Тој појаснува дека неговата книга се состои од 19 поглавја, од кои секое се занимава со посебен вид вселенски објекти.

„- Во првото поглавје се зборува за субатомски честички, најмалите делови во вселената. Второто поглавје зборува за електрони, неутрони, протони, атомски јадра и атоми како основни елементи за изградба на универзумот, појаснува Македон.

Неговата книга зборува за галаксиите, црните дупки, кометите, џуџестите планети, за гасовитите џинови, за големите планети… Сѐ на сѐ Македон направил едно сеопфатно истражување, а на неговото знаење може да завидат и голем број интелектуалци.

Тој нагласува дека иако ја напишал книгата на англиски јазик, во иднина планира да ја преведе и на македонски со цел што е можно повеќе луѓе да можат да ја прочитаат.

За потсетување, Македон Димитровски има 9 години и поседува неверојатен талент за математика и природни науки. Македонската јавност слушна за него кога тој имаше само седум години, а веќе зборуваше повеќе странски јазици и решаваше математички задачи наменети за средношколци. (Крај)

извор: Црно бело фото: архива

Post navigation

Previous ДИК усвои Упатство за двојните избори, на 8-ми мај на гласачките места да се оди еднаш
Next Демири и Манолева во Охрид: Здравствениот дом со реновирана служба за вакцинации и две нови амбулантни возила

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.