March 1, 2024

Скопје, 1. март 2024 (ИНПРЕС) – Од вчера е воведена уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, во оваа секција наречена „Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

– Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок, стои во известувањето.

До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк:

https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива