Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ќе се одбележи во Младински Центар Охрид
February 20, 2023

Охрид, 20. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Утре во просториите на Младински Центар Охрид ќе се одбележи ќе се одбележи 21-ви февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

По повод овој ден беше распишан и литературен конкурс на тема „Векувањето на македонскиот јазик“, за средношколци на ниво на Охрид, во проза или поезија. Наградените творби се под следните шифри:

Поезија:
1. 22012004, 18 години
2. Везилка04, 18 години

Проза:
1. ехор00 А1, 17 год.
2. Потомец 16 год.

Во текот на денешниот ден наградените ќе мора да го докажат своето авторство, на email contact@mco.mk.
Наградите ќе им бидат доделени на утрешната севченост, на која промоција на збирката раскази „Другаруваме со Лили и Вили“ од младата писателка Матеа Стоев, како и креативна работилница за деца со младата писателка Матеа Стоев.

Настаните во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ќе започнат од 12:00 часот во просториите на Младински Центар Охрид, во поранешна Касарна. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива