August 9, 2016

Приштина, 9. август 2016 (ИНПРЕС) – Меѓународниот суд на Косово осуди вчера поранешен член на ОВК на осум години затвор за воени злосторства против цивили по завршувањето на војната.

Во соопштение на Мисијата на ЕУ за Косово (ЕУЛЕКС) се наведува дека Џемшит Красниќи е осуден на затвор поради „апсење, незаконско задржување, нарушување на интегритетот и тортура врз неколку сведоци и непознати цивили“. Тој е осуден и на парична казна од 1.500 евра.

ЕУЛЕКС посочи дека злосорствата биле извршени во логори на ОВК во Кукс и Чахан во Албанија, како и во Призрен во 1999 година.

Не се споменуваат конкретни случаи или имиња на жртвите, но се нагласува дека „обвинениот ги извршил злосторствата, заедно со други членови на ОВК“. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива