Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Меѓународниот суд во Косово осуди поранешен член на ОВК на осум години затвор

Меѓународниот суд во Косово осуди поранешен член на ОВК на осум години затвор

Приштина, 9. август 2016 (ИНПРЕС) – Меѓународниот суд на Косово осуди вчера поранешен член на ОВК на осум години затвор за воени злосторства против цивили по завршувањето на војната.

Во соопштение на Мисијата на ЕУ за Косово (ЕУЛЕКС) се наведува дека Џемшит Красниќи е осуден на затвор поради „апсење, незаконско задржување, нарушување на интегритетот и тортура врз неколку сведоци и непознати цивили“. Тој е осуден и на парична казна од 1.500 евра.

ЕУЛЕКС посочи дека злосорствата биле извршени во логори на ОВК во Кукс и Чахан во Албанија, како и во Призрен во 1999 година.

Не се споменуваат конкретни случаи или имиња на жртвите, но се нагласува дека „обвинениот ги извршил злосторствата, заедно со други членови на ОВК“. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Српското министерство за внатрешни работи понуди помош за Македонија
Next Словенечката полиција откри илегални мигранти во бугарски камион

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.