Гевгелија, 24. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Од една страна скандирања да се отворат границите, на друга молк со зашиени усни. Вака мигрантите на македонско-грчката граница го изразуваат својот револт што веќе шест дена не можат да поминат низ Македонија.
Велат дека ќе останат, и не отстапуваат од барањата да ги пропуштат да транзитираат низ Македонија.
Освен мигрантите кои се одлучија со зашиените усни да испратат порака до цела Европа, нема поголеми промени на јужната граница. Околу илјада мигранти сеуште кампуваат покрај граничната линија. Подигнати се стотици шатори каде речиси цела недела логоруваат мигрантите за кои Македонија, Србија, Хрватска и Словенија забранија транзит. Дел од семејствата со мали деца и жени заминаа кон Атина, неможејќи да ги издржат лошите временски услови и престојот на отворено, но доаѓаат нови, па бројот е речиси ист. (Крај)
извор: Телма фото: архива
