May 21, 2015

Софија, 21. мај 2015 (ИНПРЕС) – Бугарија ќе биде гарант на македонската независност и територијален интегритет.

Ова се наведува во соопштението на бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов објавено вчера.

– Стабилноста на сите земји од Југоисточна Европа е од приоритетна важност за Бугарија и таа, без сомневање ќе продолжи да биде гарант на независноста и територијалниот интегритет на Македонија, вели министерот Митов, потсетувајќи дека Бугарија била првата што ја признала македонската независност и оти нејзината одлука била клучна за стабилноста на Југоисточна Европа. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива