Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • Митов и Пусиќ – Ангажирање на ЕУ во надминување на политичката криза во Македонија

Митов и Пусиќ – Ангажирање на ЕУ во надминување на политичката криза во Македонија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Софија, 26. мај 2015 (ИНПРЕС) – Европската унија треба поактивно да се ангажира во решавањето на актулната политичка криза во Македонија, се согласиле шефовите на дипломатиите на Бугарија и Хрватска, Даниел Митов и Весна Пусиќ на вчерашната средба во Софија.

Двајцата министри оцениле и дека не смее да се доведува во прашање територијалниот интегритет на Македонија и нејзината евроатлантска перспектива.

– Неопходно е јасно и категорично ангажирање на целата ЕУ во процесот за надминување на политичката криза во Македонија и воспоставување на трајна политичка стабилност, што ќе ги гарантира граѓанскиот и меѓуетничкиот мир, како и територијалната целовитост на земјата, изјави Митив на заедничката прес-конференција со Пусиќ.

Според него, уште поважно е кризата да биде искористена како можност за почеток на вистинските реформи без кои не е можно почнување на преговорите за членство во ЕУ.

Хрватската вицепремиерка и министер за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ рече дека решавањето на кризата во Македонија може да се постигне само низ дијалог и соработка, како и низ позасилено присуство на европските институции во земјата.

На новинарско прашање да ја коментира изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека Македонија може да влезе во НАТО откако целосно ќе го исполни Рамковниот договор, Пусиќ одговори дека во Алијансата „тоа не е на дневен ред и нема таква политика за ставање вето“.

Митов и Пусиќ се заложија ЕУ да се ангажира повеќе во регионот за да се потврди јасната европерспектива на земјите од Балканот. (Крај)

извор: Република фото: архива

Post navigation

Previous ММФ со нов пакет помош за Грција
Next Хашкиот трибунал бара Шешељ да се врати во притвор

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

ИЈЗ: Со 37 заболени од грип за една недела во Охрид има сезонска активност на вирусот ИЈЗ: Со 37 заболени од грип за една недела во Охрид има сезонска активност на вирусот
1 min read

ИЈЗ: Со 37 заболени од грип за една недела во Охрид има сезонска активност на вирусот

ИЈЗ: Продолжува да се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид регистрирани 44 случаи и има сезонска активност на вирусот ИЈЗ: Продолжува да се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид регистрирани 44 случаи и има сезонска активност на вирусот
1 min read

ИЈЗ: Продолжува да се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид регистрирани 44 случаи и има сезонска активност на вирусот

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.