August 27, 2015

Рим, 27.август 2015 (ИНПРЕС) – Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерико Могерини најави дека е дојдено до пресвртница во преговорите за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Во вторникот Србија и Косово договорија принципи за создавање на Здружение на српските општини во Косово, употребата на мостот во Косовска Митровица, и одлучија голем број прашања во областа на телекомуникациите, се вели во соопштението на дипломатската служба на ЕУ. Во вторникот во Брисел со посредство на врховната претставничка на Европската унија за прашањата за надворешни работи и безбедносна политика Федерико Могерини се одржа уште една средба на српскиот премиер Александар Вучиќ и премиерот на делумно признаената држава Косово, Иса Мустафа.

– Премиерите на Србија и Косово постигнаа пресвртна точка во придвижувањето напред на агендата на дијалогот. Тие се согласија за општите принципи и основните елементи на асоцијацијата или здружување на општините со српско мнозинство, што го отвора патот кон нивното основање”, се вели во документот. Претходно Александар Вучиќ изјави дека се разбрал со неговиот косовски колега Иса Мустафа за сите прашања. Двајцата преговараа речиси 8 часа во Брисел со посредство на Могерини.

Двете делегации постигнале договор и по четирите прашањето – за Здружението на српските општини, за енергетика, за телекомуникациите и за мостот на реката Ибар во Косовска Митровица. Тоа се добри договори кои гарантираат безбедноста и останувањето на Србите во Косово, рече уште Вучиќ и се пофали дека српската делегација извршила одлична работа и во најскоро време сите договори ќе бидат објавени јавно. Постигнатата спогодба по четирите тема е значителен успех во процесот на нормализација, напиша во својот профил Могерини.(Крај)

извор:Инпрес фото:архива