МТСП: Неработни денови се среда, 1. мај, Велики Петок и понеделник, втор ден Велигден
April 30, 2024

Охрид, 30. април 2024 (ИНПРЕС) – Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), утре, 1. мај 2024 година, Денот на трудот е неработен за сите граѓани на Република Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

– Петок, 3-ти мај 2024 година, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија и понеделник, 6-ти мај 2024 година, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, исто така е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика, од каде на граѓаните им ги честитаат престојните празници. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес