Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Мултикултурен настан и отворен ден во охридската гимназија

Мултикултурен настан и отворен ден во охридската гимназија

Мултикултурен настан и отворен ден во охридската гимназија

Охрид, 29. април 2026 (ИНПРЕС) – Под мотото „Да живееме едни со други, а не едни покрај други“ денес напладне во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи голем мултикултурен настан и отворен ден.

– Ќе ви ја пренесеме силната порака дека со почитување на различностите ќе изградиме една средина на меѓусебна соработка и мултикултурно богатство. Во пријатна и динамична атмосфера учениците и професорите ќе претстават програма исполнета со креативност, знаење и заедништво, велат од училиштето.

Воедно овој настан ќе биде и Отворен ден на Гимназијата каде посетителите ќе можат да се запознаат со наставниот процес, работата и функционирањето на училиштето. Додаваат дека ќе се слуша музика и ќе се пеат песни на повеќе јазици, а уметничките и едукативните активности ќе бидат застапени преку цртање, сликање, јазични игри, научни експерименти и интерактивни содржини од различни области.

– Настанот ќе понуди и креативни изработки инспирирани од математиката, физиката и хемијата, запознавање со историски личности, филозофски мисли, како и можност за „патување“ низ различни култури и образовни искуства, вклучително и програмата Еразмус+. Сето тоа е одраз на знаењата и вештините кои учениците ги стекнуваат во текот на наставата. Учениците и професорите посветено работат цела година за да подготват интересни и оригинални содржини, преку кои секој актив ќе се претстави на најдобар можен начин, потенцираат од гимназијата.

Овој настан ќе биде можност за претставување пред идните ученици, нивните родители и пошироката јавност, но и најава за продолжување на кампањата „Отворени врати на Гимназијата“ во месец мај. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Граѓаните апелираат да се искоси и уреди зелениот појас на поранешното игралиште кај Историскиот архив (Фото)
Next Здравје: Истражување го открива точното време од денот кога желбата за храна е најсилна

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.