Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Над 190 правници и судски експерти во Охрид, дебата на тема „Заштита на лични податоци“

Над 190 правници и судски експерти во Охрид, дебата на тема „Заштита на лични податоци“

1 min read

Охрид, 8. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Над 190 правници и судски експерти во Охрид од денеска ќе дебатираат и ќе разменуваат искуства на Правна конференција на тема „Заштита на лични податоци“, во ко-организација на Здружението на правници и македонското консултантско друштво АЦТ.

– Над 210 гости од земјава и од странство во текот на тридневната конференција ќе добијат нови информации за најновите судски пракси на Европскиот суд на правдата во областа на заштита на личните податоци. Предавач на темата ќе биде истакнатиот правник Клер-Агнес Марниер, Европски супервизор за заштита на податоците од Брисел, Белгија, соопштија организаторите.

Нема достапен опис.

Помеѓу останатите теми на кои ќе се оддржуваат работилници е и панелот наменет за Правата на одбраната и оштетениот во истражна постапка, на кој ќе говорат јавниот обвинител Фатиме Фетаи, Катерина Коларевиќ, судијата Ненад Савески, адвокатот Дељо Кадиев, како и универзитетскиот професор Гордан Калаџиев.

Најавена е и презентација за примери од добра пракса од европското потрошувачко право, како и студии на случаи и нови трендови во заштита на поптрошувачите и зелената транзиција, што ќе ја има Кристоф Берне, експерт за потрошувачко право на Европската унија од Париз, Франција.

Тема со која ќе се затвори правната конференција ќе биде дебатата посветена на новините во Законот за спречување перење пари и финансирање. (Крај)

извор: Бизнис вести фото: архива

Post navigation

Previous Во тек е пријавувањето за 48-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
Next Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14-ти јуни

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.