Наум Смилевски од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ прв на државниот натпревар на млади истражувачи
October 30, 2024

Охрид, 30. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Наум Смилевски, ученик во прва година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид освои прво место на државниот натпревар на младите истражувачи од Република Македонија.

Првото место го освои во областа автоматика и роботика со CNC машина за пишување што сам ја дизајнирал и направил, од хардверски делови од компјутер.

– Ученикот во понатамошниот период има идеја машината да ја надогради со ласер за гравирање дрво и глодалка за гравирање метал, информираат од училиштето.

Натпреварот се одржа во Пехчево, во организација на Народна техника на Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива