Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Научна конференција на Alexander von Humboldt Фондацијата во Охрид и Скопје

Научна конференција на Alexander von Humboldt Фондацијата во Охрид и Скопје

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 17. април 2018 (ИНПРЕС) – Од 19-ти до 23-ти април во Охрид и Скопје ќе се одржи научна конференција на кој ќе присуствуваат добитници на Alexander von Humboldt стипендии од Балканскиот регионот, нивните колеги од Германија, како и видни интелектуалци и млади истражувачи од нашата земја.

Конференцијата која е во организација на Хумболдт и ДААД-клубот Македонија, алумни асоцијација која ги обединува корисниците на стипендии на престижните германски фондации ДААД и Александер фон Хумболт, ќе се одржи под наслов „На вратата на Европската Унија: Улогата на науката и истражувањето во одржливиот развој на балканскиот регион“ има за цел за да ја промовира научната извонредност, меѓународната академска соработка, како и да дебатира на темата на конференцијата што е од особено значење за нашата земја.

Фондацијата „Александер фон Хумболдт“ е една од најпрестижните фонадации во светот за поддршка на научната академска елита на глобално ниво, во чие семејство, учествуваат повеќе од 27.000 врвни научници од сите дисциплини, вклучувајќи повеќе добитници на Нобеловата награда, и за среќа, неколку научници од нашата земја, меѓу кои проф Валентин Мирчески, проф Рубин Гулабоски, професор Владимир Иванановски, проф Златко Левков.

Отворањето на оваа научна манифестација ќе биде на 19-ти април во 18.30 часот во МАНУ, во присуство на Министерката за образование и наука на Република Македонија проф. д-р Рената Дескоска, Претседателот на МАНУ проф. д-р Таки Фити, ректорот на УГД-Штип проф. Блажо Боев, ректорот на УКИМ, проф Никола Јанкуловски, и амбасадорот на Република Германија, господинот Томас Герберих. Притоа, проф. д-р Валентин Мирчески, основач и претседател на Хумболдт и ДААД Клубот – Македонија ќе одржи предавање во врска со Александар фон Хумболдт фондацијата, личните искуства од научната работа поддржана од оваа фондација и можностите за поддршка на младите научници од нашата земја.

На овогодинешниот Хумболт Конгрес, главното внимание ќе биде посветено на можностите за вмрежување и соработка што ги нуди оваа фондација, како и на предизвиците што претстојат во науката во наредниот период. (Крај)

извор: факултети.мк фото: архива

Post navigation

Previous Грчки медиуми: Постигнат е напредок во Охрид, но остануваат отворени потешките прашања
Next Шефовите на полициските служби на Југоисточна Европа на Генерално собрание во Охрид

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.