Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Нашата Зарина Првасевда денеска ќе настапи на Womex, најголемата музичка конференција во Манчестер, Англија

Нашата Зарина Првасевда денеска ќе настапи на Womex, најголемата музичка конференција во Манчестер, Англија

1 min read
Нашата Зарина Првасевда денеска ќе настапи на Womex, најголемата музичка конференција во Манчестер, Англија

Скопје, 26. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Девојката со моќен и неповторлив глас, македонскиот славеј Зарина Првасевда, денеска ќе настапи на Womex, најголемата музичка конференција на глобалната музичка сцена во Манчестер, Англија.

– Драги пријатели, многу сум среќна и возбудена да споделам со вас многу голема вест за мене. Една од моите најголеми желби се остварува на 26-ти октомври – свириме на најголемата музичка конференција на глобалната музичка сцена Womex во Манчестер, Англија. Бескрајно среќна и возбудена, порача Зарина.

– Истражувајќи ги замрсените корени на традиционалната музика на Балканот, наградуваната македонска уметница Зарина Првасевда и нејзиниот ансамбл го слават разновидниот класичен фолклор на регионот преку неконвенционални аранжмани, динамични ритми и современ филмски пристап, стои во официјалната објава на профилите на Womex.

Таа е врвен музичар, вљубеник во планините, девојка која совршено знае македонската традиционална песна да ја изведе чисто интонативно, автентично, без никаква дополнителна обработка.

Зарина доаѓа и ќе пишува музичка историја. Подгответе се, отворете го срцето и уживајте. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Идната година шест нови авиолинии, Скопје се поврзува со Дубаи, Барселона, од Охрид ќе се лета до Истанбул и Базел
Next Прекин во водоснабдувањето на улица „Прилепска“

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.