Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Идната година шест нови авиолинии, Скопје се поврзува со Дубаи, Барселона, од Охрид ќе се лета до Истанбул и Базел

Идната година шест нови авиолинии, Скопје се поврзува со Дубаи, Барселона, од Охрид ќе се лета до Истанбул и Базел

1 min read
Идната година шест нови авиолинии, Скопје се поврзува со Дубаи, Барселона, од Охрид ќе се лета до Истанбул и Базел

Аеродром Охрид „Св. Апостол Павле“

Скопје/Охрид, 25. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Од следната година од скопскиот и охридскиот аеродром ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Истанбул и Базел Милхауз.

Ова следи по објавениот повик на министерството за транспорт за воведување нови авионски линии што ќе бидат субвенционирани.

– Од 30-ти март 2025 година два пати неделно ќе се лета на релација Скопје – Дубаи – Скопје со „Флај Дубаи“, исто така од 30-ти јуни 2025 година два пати неделно ќе се лета на релација Скопје – Барселона – Скопје,со што се отвора Шпанија како дестинација, од 30-ти јуни 2025 година три пати неделно ќе се лета Скопје – Лион – Скопје со што се отвора јужна Франција прв пат како дестинација, како и три пати неделно на релација Скопје – Штутгард – Скопје, со што се отвора западниот дел на Германија, а тука е и Франција. Од Охридскиот аеродром два пати нделено ќе се лета на релација Охрид – Базел Милхауз – Охрид, и можеби најзначајната вест врзана за охридскиот аеродром е дека „Туркиш ерлајнс“ почнува редовно да лета веќе од 30-ти март 2025 година на дестинација Охрид – Истанбул – Охрид, четири пати неделно што значи дека охридскиот аеродром го отвораме како дестинација кон најголемиот аеродром во Европа и аеродром кој што има најмогу конектинг летови, што е нова страница за аеродрмот, истакна ресорниот министер Александар Николоски.

Додаде дека четирите авиолинии, до Штутгарт, Барселона, Лион и Базел Милхауз ќе ги оперира компанијата „Визер“. Тој истакна дека дирекното поврзување со Дубаи, Барселона, Штутгард, со Лион, Базел и со Истанбул ќе донесат бројни нови туристи во Македонија, но исто така ќе овозможи и полесно патување за македонските граѓани.

Што се однесува до цените на билетите, министерот очекува да се доста пристојни, имајќи предвид дека се дава поддршка од буџетот, што изнесува 12 евра по патник на доаѓање на охридскиот аеродром и 9 евра по патник на доаѓање на скопскиот аеродром.

Николоски најави дека во подготовка е и вториот повик што ќе биде објавен во следните недели и кој што треба да донесе нови дестинации за што има интерес.

– Се надевам дека кон крајот на ноември или во декември ќе може да презентирам неколку нови дестинации кои што ќе летаат до охридскиот и до скопскиот аеродром“, рече Николоски.

Тој информираше дека дека во летниот период од скопскиот аеродром оперирале 47 дестинации, а од охридскиот осум, додека во зимскиот 33 од скопскиот и четири од охридскиот аеродром. Целта е веќе следната година да има 200 илјади патници плус на двата аеродроми. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ЈП „Охридски комуналец“: Повлечени контејнерите од Грашница, граѓаните да не депонираат отпад на оваа локација
Next Нашата Зарина Првасевда денеска ќе настапи на Womex, најголемата музичка конференција во Манчестер, Англија

Слични вести

МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција
1 min read

МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид

Огледало на култура – Сообраќајните знаци и инфо табли низ Охрид прошарани со спреј или прекриени со налепници (Фото) Огледало на култура – Сообраќајните знаци и инфо табли низ Охрид прошарани со спреј или прекриени со налепници (Фото)
1 min read

Огледало на култура – Сообраќајните знаци и инфо табли низ Охрид прошарани со спреј или прекриени со налепници (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.