September 13, 2023

Охрид, 13. септември 2023 (ИНПРЕС) – На 13-ти септемви во 1903 година околу 2.000 жители од Охридско, пред силниот налет на Бахтијард-пашовата туска војска што пустошеше се пред себе, побара засолниште во месноста „Рашанец“.

Збегот беше добро организиран и заштитуван од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други.

Со помош на предавник, турската војска го скрши и овој востанички отпор на македонското население од овој крај во времето на Илинденската епопеја. Околу 200 жители од Охридско загинаа во борбата на „Рашанец“. Меѓу загинатите беше и војводата Аргир Маринче, кој со својата храброст им даде пример на сите борци како треба да се борат за слободата на својот народ.

Аргир Маринче е роден во Охрид, во 1870 година.

извор: МИА фото: архива