Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На звуците од операта „Лилјакот“ охридските матуранти ја одиграа матурската парада (Фото/Видео)

На звуците од операта „Лилјакот“ охридските матуранти ја одиграа матурската парада (Фото/Видео)

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 19. мај 2023 (ИНПРЕС) – По неколкугодишна пауза охридските матуранти повторно заиграа на звуците на Штраусовата опера „Лилјакот” на Матурската парада 2023 година, испраќајќи ја пораката за ненасилство.

Заедно со нашите матурани, во исто време танцуваа и нивните врсници од неколку македонски градови, но и од градови во Европа.

https://youtu.be/K9jMON7H8uc

За подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се погрижи професорката Катерина Стојаноска.
Матурата е важен животен премин, кога мора де се донесат значајни одлуки за идните чекори. Соништата се денешните одговори на утрешните прашања, рече во своето поздравно обраќање градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.

Нема достапен опис

– Успехот не доаѓа кога ќе посакате. Тој доаѓа кога ќе постојат јасни планови, силна желба и постојана упорност. Големиот државник Абрахам Линколн рекол, “Секогаш имајте на ум дека вашата сопствена волја за успех е многу поважна од било што друго.“ Затоа најискрено и од срце ви посакувам секогаш да имате нескротлива волја за ново знаење и мотив да ги истакнете личните квалитети. Верувам дека од вашата генерација ќе произлезат многу успешни професионалци кои ќе дадат голем придонес во идниот развој на Охрид, истакна Пецаков, заблагодарувајќи се и на наставниот кадар вклучен во подготовката на кореографијата, а особено до пензионираната професорка Соња Думбаловска – Делова, која е една од најзаслужните за организирање на оваа меѓународна манифестација во Охрид, низ годините наназад.

Нема достапен опис

Видно возбудени матурантите не го криеа задоволството од одличните подготовки за парадата, а ги кажаа и нивните планови за во иднина.

– Се подготвувавме за оваа парада повеќе од 2 месеци, многу труд беше вложен во подготовка на оваа матурска парада. Им препорачувам на сите деветтоодделенци да се запишат во гимназијата. Понатаму планирам да продолжам на факултет за биохемија или нешто поврзано со хемиските науки, рече гимназијалката Катерина Доневска.

Нема достапен опис

– Се подготвувавме континуирано два месеци континуирано. Благодарност до професорката Катерина Стојаноска што нé подготви одлично. Им препорачувам на сите деветтоодделенци да гопродолжат своето средно образование во гимназијата. Моето образование ќе го продолжам на машински факултет, вели Виктор Миленкоски.

Нема достапен опис

– Подготовките беа многу забавни. Планирам да се запишам на факултет за безбедност во Скопје, изајви матурантот Филип Маркоски

– Имавме одлични подготовки за матурската парада. На факултет планирам да се запишам на ФТУ во Охрид насока осигурување, рече Андреа Макачоска.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана.

Танцот “Квадрил” матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Ќе се маркираат сите подземни хидранти во Охрид, особено во Стар град
Next Отворен ден во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ (Фото/Видео)

Слични вести

Мултикултурен настан и отворен ден утре во охридската гимназија Мултикултурен настан и отворен ден утре во охридската гимназија
1 min read

Мултикултурен настан и отворен ден утре во охридската гимназија

Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата

Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата

1100 деца од 5 држави учествуваа на 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“ 1100 деца од 5 држави учествуваа на 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“
1 min read

1100 деца од 5 држави учествуваа на 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.