Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • На средбата Самарас – Меркел нема да се разговара за Македонија

На средбата Самарас – Меркел нема да се разговара за Македонија

Берлин, 23. септември 2014 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, а разговорите се очекува да се фокусираат на шансите на Грција за излез од меморандумот и за отпишување на долгот.

Засега, нема никакви најави дека Македонија би се нашла на агендата. Иако  во последно време се поочигледена е ангажираноста на  Германија за земјите од Западен Балкан.

Грците сметаат дека исходот од разговорите најверојатно ќе има одлучувачко влијание врз финансиските и политичките случувања во земјата.

Портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт се обиде да ги намали очекувањата истакнувајќи дека разговорите за Грција и нејзината економска програма „не се билатерални преговори меѓу Германија и Грција, туку меѓу Грција и нејзините европски партнери“. Тој истакна дека од состанокот не се очекуваат одлуки, но сепак додаде дека изгледите на Грција се посветли, пишува МИА.

Се очекува Самарас да ја искористи денешната средба како можност да се постават патоказите за излегување од меморандумот и да се обезбеди порака со политичка поддршка од Меркел, која ќе му овозможи да понуди некаква форма на ослободување од штедењето за Грците. Се очекува да се разговара и за дилемата на грчката Влада, која се соочува со можноста за предвремени избори откако Сириза соопшти дека во февруари ќе го блокира изборот на нејзиниот кандидат за претседател, пишува „Катимерини“. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Венизелос: Во Грција не се обучуваат џихадисти
Next На Копаоник наврнаа 9 см снег

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.