Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Неделава ќе се знае дали Владата ќе го прифати предлогот на Комората на трговци за поевтинување на 100 до 200 производи

Неделава ќе се знае дали Владата ќе го прифати предлогот на Комората на трговци за поевтинување на 100 до 200 производи

1 min read

Скопје, 17. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Министерството за економија и труд неделава се очекува да се изјасни по предлогот даден од страна на новата Комора на трговци за поевтинување на 100 до 200 прехранбени производи, средства за хигиена и бебешка храна откако во петокот беше остварена средба во Министерството.

Како што изјави во петокот Даница Блажевска од Рептил маркети, претставниците на трговците и дистрибутерите побарале да има реално намалување на цените на 100 до 200 производи. Сметаат дека е подобро заедно со производителите и добавувачите да направат реално намалување на цените на 100 до 200 производи кои се најнеопходни за секојдневното живеење што ќе биде видливо за граѓаните.

Ваквиот предлог на Комората на трговци доаѓа откако Владата го задолжи Министерството за економија да изготви Предлог-одлука за ограничување на маржите на 10 проценти во трговијата на мало и на големо по што од Комората побараа итна средба со Владата укажувајќи дека доколку се реализира одлуката, ќе бидат принудени да отпуштаат вработени и да ги затворат маркетите.

Предлог-одлуката на Владата следи по двата граѓански бојкота за пазарање по маркетите поради зголемувањето на цените на основните прехранбени производи.

Ваквата одлука се темелеше на шестмесечниот извештај од Државниот пазарен инспекторат, според кој кај трговците на мало беше утврдено дека има над 20 отсто маржа на основните прехранбени производи и над 30 отсто маржа кај средствата за лична хигиена, додека кај увозниците и дистрибутерите се евидентирани повисоки маржи кои одат дури и до 50 отсто.

Со Предлог-одлуката требаше да бидат опфатени основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но и детергентите, бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Нивото на Охридското Езеро само 6 сантиметри над минимално дозволената кота
Next Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.