Скопје, 20. јули 2015 (ИНПРЕС) – Остатоци од храна и расфрлани алишта се видливи по патот каде се движат мигрантите на патот кон Србија.
Границата ја поминуваат два пати дневно, речиси секогаш во големи групи.
Според локалните жители, следната група мигранти, барем според досегашното искуство треба да помине вечерва. Информациите на одредени медиуми дека таа, но и сите следни нема да успеат да продолжат поради одлуката на Србија да ги затвори границите не ја потврдивме на терен. Покрај граничниот премин Табановце, слободни се и таканаречените диви премини. Српската полиција не ги потврди тврдењата за затворање на граничниот премин , а хуманитарните организации, како и локалните медиуми во Прешево немаат информации за евентуален проблем. (Крај)
извор: Телма фото: архива