Охрид, 26. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Во континуитет расте езерскиот водостој од почетокот на месецов е покачен за 16 сантиметри, а само последнава недела за 9 сантиметри.
Според денешните мерења, нивото е на кота од 693,68 м.н.в што е за 29 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,39 м.н.в) и 58 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 6 степени. И додека лани во овој период состојбата беше алармантна, само 5 сантиметри над дозволениот минимум, езерскиот водостој годинава е во подобра кондиција.
Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12 степени.
– До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемена облачност. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
