January 22, 2024

Охрид, 22. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Се подобрува водостојот на Охридското Езеро.

Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), покажуваат дека езерото е на кота од 693,42 м.н.в, што е за 7 сантиметри над просекот за јануари (693,35 м.н.в) и 32 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Инаку, од почетокот на месецов езерското ниво порасна за пет сантиметри. Температурата на водата е 6 степени и е за 0,8 степени пониска од просечната.

Во Охрид денес сончево со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе се искачи до 3. степени.

– До среда времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: инПрес/УХМР