Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нуркачите го исчистија езерското дно во пресрет на Водици

Нуркачите го исчистија езерското дно во пресрет на Водици

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 16. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Течат подготовките за достојно одбележување на големиот празник Богојавление-Водици во Охрид.

Членови на клубот за подводни дејности „Охрид“ и нуркачкиот центар „Акватек“ и годинава го исчистија дното на Охридското Езеро кај пристаништето каде ќе биде положен Светиот крст во езерските води. Отпадот ништо поразличен од претходно, сликата за колективното ниво на култура не е подобрена. И повторно имаше шишиња, лименки, конзерви и метални предмети.

Нема достапен опис

Деновиве екипи на ЈП „Охридски комуналец“ ќе се погрижат за украување на централното градско подрачје во знакот на Богојавленските празнувања.

Централната манифестација е в четврток. Богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 07:00 часот, а во 10:00 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Заинтересираните капачи кои сакаат да бидат дел од настанот, своето учество можат да го пријават во сите парохиски цркви во Охрид.

Подготвена е богата програма и се очекува традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро да го проследат илјадници верници. По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12:00 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридсаки“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Чалгија саунд систем“.

Во организација на Црвен Крст истиот ден од 09:00 до 15:00 часот ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид, продолжуваат и на 20-ти јануари со Денот на рибарите и празникот Свети Јован Крстител. Уникатната манифестација со традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: Клубот за подводни дејности „Охрид“/„Акватек“

Post navigation

Previous Денеска е „син понеделник“, најдепресивен ден во годината
Next Струшки архитекти изработија проект за прифатилиште за бездомни кучиња

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.