Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ОБСЕ: Извештајот за корупцијата во Албанија објавен во медиумите не е на ОБСЕ

ОБСЕ: Извештајот за корупцијата во Албанија објавен во медиумите не е на ОБСЕ

Тирана, 14.септември 2015 (ИНПРЕС) – Седиштето на ОБСЕ во Тирана во неделата по повод објавувањето на печатот дека ОБСЕ во еден свој извештај оценува дека во корупцијата и криминалот се замешани и актуелниот премиер Еди Рама, претседателот на Собранието Илир Мета и екс премиерот и екс претседателот на Албанија Сали Бериша, излезе со објаснување дека тоа не е официјален извештај со ставови на ОБСЕ.

Според амбасадорот на ОБСЕ во Албанија Флориан Рауниг објавувањето на документот од албанскиот печат е само обид да се расипат односите на ОБСЕ со албанските институции, како што се Владата и Собранието.

Тој додава дека документот кој е објавен во медиумите во Албанија е само дел на еден Извештај во кој се пренесуваат ставовите на медиумите и јавноста во Албанија, а не е оценка на ОБСЕ.

„Не е вистина дека тоа се ставови на ОБСЕ за криминалот и корупцијата на државните лидери во криминал и корупција“, се наведува во реакцијата на ОБСЕ во Тирана.

Деновиве албанските медиуми дадоа нагласено внимание на информацијата дека ОБСЕ има оценка дека во корупцијата и криминалот се директно замешани премиерот Рама, претседателот на Собранието Мета, но и екс премиерот и претседателот на државата Сали Бериша.(Крај)

извор:Макфакс фото:архива

Post navigation

Previous Двајца грчки пожарникари биле спасени од четворица ирански мигранти
Next Унгарија утре ја затвора границата со Србија, војниците смеат и да пукаат

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.