Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Објавена програмата за одбележување на 79 годишнината од ослободувањето на Охрид

Објавена програмата за одбележување на 79 годишнината од ослободувањето на Охрид

1 min read

Охрид, 2. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Бројни настани и свечености се предвидени од Општина Охрид за одбележување на 79 годишнината од ослободувањето на градот.

Настаните ќе започнат во понеделник, на 6-ти ноември од 12:30 часот, со промоција на книгата Детска градинка „Јасна Ристеска“ (краток историјат за периодот од 1950 до 1990) од д-р Никола Митровиќ.

Во вторник, на 7-ми ноември во дирекцијата на претпријатието ќе се одбележи патрониот празник на ЈП „Охридски комуналец”, ќе има полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјата од НОБ на Градските гробишта, Градски парк, Основниот суд, во дворот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”, како и Панихида и полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјето на Јасна Ристеска во селото Рамне. Ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен – обележјата од НОБ во Спомен – паркот на револуцијата, а во Велестово, Вила „Билјанини Извори“ и градскиот плоштад ќе се одржи „Оhrid fly festival“ – проект на Параглајдинг клуб „Флај“.

Централната свеченост по повод 7. Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид ќе се одржи во просториите на Младински центар (комплекс Касарна) од 12:00 часот. Ќе се обрати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и и претставникот на ОО на Сојуз на борци, Гоце Георгиески. Во рамки на свеченоста предвидена е и културно – уметничка програма.

Од 17:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи свечената приредба по повод јубилејот, 60 години од основањето на ЈОУДГ „Јасна Ристеска”.

Свеченостите ќе бидат заокружени со седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче”, што ќе се одржи во концертна сала на училиштето, со почеток во 18:30 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од јануари ќе се плаќа влез во Аја Софија
Next Прекин во водоснабдувањето на улиците „Егејска“, „7-ми Ноември“ и „Марко Нестороски“

Слични вести

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.