Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од вторник почнува исплатата на мартовските пензии, ќе бидат повисоки за 8,4%

Од вторник почнува исплатата на мартовските пензии, ќе бидат повисоки за 8,4%

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје/Охрид, 22. март 2023 (ИНПРЕС) – Од вторник, 28-ми март ќе започне исплатата на пензиите за месец март.

Владата го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27-ми овој месец.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:

  • за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник);
  • за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда);
  • за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток) и
  • за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2023 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите ќе може да располагаат веќе од вторник.

Согласно одлуката на Владата на Република Македонија за новата методологија за усогласување на пензиите, со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous „Гладијаторите“ в недела гостуваат во Скопје кај Пролет
Next Одбележување на Светскиот ден на водите, годинава под мотото „Ти биди промената“

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.