Охрид, 16. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Од денеска Turkish Airlines повторно почнува да лета на релација Истанбул-Охрид, со динамика четири пати неделно.
Од почеток на јуни Охрид авионски е поврзан со полските градови Вроцлав и Катовице, а повторно се лета на релација Охрид – Белгард како и Охрид – Базел, што привремено беше заменета со летови до Штутгарт.
Од охридскиот аеродром, со летниот распоред на летање, 8 авиокомпании летаат до 17 дестинации, од кои 14 се редовни дестинации преку целата година и сезонски дестинации, додека три се чартер-летови. Од 21 јуни, Аустриан ерлајнс има најавено дека ќе почне да лета од Охрид до Виена. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
