Охрид, 11. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Почнувајќи од понеделник, 15. јуни, ЈП „Охридски комуналец” во летниот период собирањето, транспорт и депонирањето на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот, информираат од претпријатието.
– Согласно Програмата за работа за оперативната 2026 година, овие активности се превземаат заради зголемениот обем на работа и потребите што се наметнати во летниот период, додаваат оттаму.
Потенцираат дека секое непочитување на динамиката ќе биде пријавено до комуналната инспекција и ќе биде соодветно санкционирано. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
