Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од 1 јули целосно се забрануваат ќесите од 15 денари, ќе се продаваат само биоразградливи

Од 1 јули целосно се забрануваат ќесите од 15 денари, ќе се продаваат само биоразградливи

1 min read

Скопје/Охрид, 26. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Од 1 јули целосно се забранува продавањето на пластични ќеси и оксобиоразградливи ќеси, односно тоа се оние кеси кои во маркет се продаваат за 15 денари. Дозволени ќе бидат само биоразградливи ќеси.

Оваа одлука следи откако беше усвоен новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Според истиот ќесите од 2 поскапеа на 15 денари пред година и пол.

Претставници на производителите на последната средба со министерката за животна средина, Каја Шукова, кажаа дека материјалот за изработка на биоразградливите кеси е тешко достапен за македонскиот пазар и дека се соочуваат со потешкотии во континуираното призводство на овие кеси. Предложија да се ревидира законската регулатива и да се направат поголеми напори за да се обезбедат еднакви услови на пазарот, односно да се спречи нелојалната конкуренција со нудење на бесплатни пластични кеси. Побараа и намалување на надоместокот за биоразградливите пластични кеси, кои би се продавале после 1 јули 2023 година.

Голем дел од фабриките ставија клуч на врата по владината одлука една ќеса да се продава по 15 денари. Според информациите од производител кој беше на средба со министерката, од 32 фирми, дваесетина веќе затвориле.

Сепак за овошјето и зеленчукот и во маркетите и на пазарите се уште се користат пластичните кеси. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани компаниите во земјава произвеле околу 5.000 тони пластична амбалажа, вреќи и ќеси.

Од Министерството за животна средина тврдат дека употребата на пластичните кеси е за 10 пати намалена, а особено намалување има во маркетите и тоа за околу 85%.

Земјите-членки на ЕУ веќе почнаа да забрануваат употреба на пластика за еднократна употреба, како цевчиња, чепкалки за уши, чинии, чаши и пластичен прибор за јадење за еднократна употреба. Во некои земји пластичните кеси се целосно забранети, во други се даночат, а во трети се наплаќаат.

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Света маченичка Аквилина
Next Сообраќајна незгода на булевар „Туристичка“ (Фото)

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.