Охрид, 6. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Со бројни активности, ООУ „Григор Прличев“ од Охрид денеска го одбележува својот патронен празник.
Програмата по повод патрониот празник е на тема „Споменот на љубовта – светлина што го грее срцето и го води духот“, а ќе се претстават учениците под менторство на нивните наставници и ќе прикажат дел од она што ја одбележа изминатата година во оваа образовна установа.
Претпладнево беа доделени наградите по литературниот и ликовен конкурс, по што беше положен ловоров венец на бистата на Прличев во училишниот двор, а во кабинетот по техничко образование се одржа Прличевата визита.
Свечената приредба ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
