Рим, 23. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Охридската оперска дива Миланка Новеска периодов е во Рим Италија, каде на покана на CDS Академијата и „Domma“ театар интензивно се подготвува за нов проект.
Имено, италијанската публика ќе има можност да ја види Миланка во улогата на Росина, во претставата „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, што премиерно ќе биде изведена на 28-ми февруари, а втората претстава е на 1-ви март. Покрај Новеска, дел од актерската екипа се пејачи од Франција, Перу, Романија и Италија.

Како најава за она што следува, синоќа таа беше дел од голем концерт што се одржа во Bishop’s Palace, Ostia Antica. Во преполната сала Миланка настапи со останатите пејачи ангажирани за „Севилскиот бербер“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
