Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 20. март 2023 (ИНПРЕС) – Тимот на ЈУ Национален парк „Галичица“, со поддршка од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од Скопје, во изминатиот период работеше на уредување и опремување на нова лабораторија.
– Со оваа лабораторија се подобруваат можностите за испитување на растителни и животински видови во заштитеното подрачје и влијанието на климатските промени врз нив, а воедно се зајакнуваат и управувачките капацитети на НП „Галичица“, велат од установата.


Новата лабораторија е подготвена во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во националниот парк „Галичица“ од негативните ефекти на климатските промени“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а спроведуван од страна ОО Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, со поддршка од Национален парк „Галичица“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
