Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Сообраќајна (не)култура на ниво

Сообраќајна (не)култура на ниво

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 20. март 2023 (ИНПРЕС) – Ниското ниво на култура на однесување и грижа за добрата и животната средина во повеќе наврати се демонстрира, но истото се случува и со сообраќајната култура.

Секоја чест на исклучоците, но сообраќајната култура, етиката, толеранцијата во сообраќајот, сè уште не се на задоволително ниво.

Она што треба да биде нормално сообраќајно поведение, придржување кон знаците, правилата и прописите се почитува или кога ќе има присуство на полициски службеници или ако за истото се пишуваат казни.

Читатели на InPress до нашата редакција испратија фотографии со непрописно паркирани возила.На оваа тема сме пишувале многу пати, но постојано е актуелна.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Секојдневно низ градот сме сведоци на автомобили поткачени на тротоар, оставени на велосипедска патека, велосипедисти кои возат по коловоз иако имаат обележана велосипедска патека, преминување улица на небезбедни места, прескокнување граничници на кружните текови…Со зголеменото присуство на полициските службеници возачите научија да ги пропуштаат пешаците на пешачките премини, а пешаците во голем дел да префрлаат улица на обележано место, иако рака на срце сé уште има некои кои претрчуваат на пример на булеварот „Туристичка“, кај Шпаркасе банка, иако тука од многу одамна веќе нема пешачки премин.

Ако ова се случува во овој период, можеме само да замислиме што ќе се случува во текот на летото, во шпицот на сезоната, кога неколкукратно ќе биде зголемен бројот на возила и луѓе низ градот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Жителите од улиците „Мирче Ацев” и „Карпош Војвода” неколку часа без вода
Next Опремена нова лабораторија за истражување на растителни и животински видови во НП „Галичица“

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.